Наместо да се собира од кантите, ѓубрето се расфрла околу нив и шири зарази. Иако контејнерите се празнат, брдо од депонија е распослано околу нив. Ваква е сликата на дел од Скопје, посебно помалите улици од каде се шири ужасна миризба од сметот што нее собран. Граѓаните се револтирани и прашуваат како е можно службите да ги испразнат контејнерите, ама ѓубрето околу да го остават. Велат дека ова е крајно несериозно, зашто во близина има игралишта за деца, кои го дишат овој отров, односно потенцијална зараза.

Дека скопски „Комуналец“ и натаму тера инат, говорат и фактите. На една од локациите во скопски Аеродром камион на „Комунална хигиена“ празни контејнер додека ѓубрето околу него останува расфрлано. Дали камионот бил преполн или ѓубрето околу контејнерот не нивна обврска останува непознато, но очигледно е дека ова јавно претпријатие си игра мајтап со граѓаните и свесно ја наргдува сликата на градот.
Иако делумно се чисти ѓубрето, тоа не е баш така секаде. Инаку веќе 4-ти ден Скопје се „дави“ во гнасотија, ѓубре и смрдеа. Иако дел од камионите на „Комунална хигиена“ излегоа да чистат, сепак неколкудневното таложење и насобирање на отпадот не беше лесно да се собере.

И додека надлежните си ја префрлаат топката кој бил крив за овој хаос, менаџментот во скопски „Комуналец“, наместо за чистотата на гласвниот град, еден по еден ги брка од работа луѓето кои протестираа. Директорката на комуналното претпријатие подели 27 откази. Вработените тоа го дознале откако стигнале на работа, а своите имиња ги прочитале на огласна табла. Избрканите се работници се пожалија и велат дека побарале леб, а добиле отказ.





