Дел од фирмите ќе добијат „изгор” сметки : Струјата за март поскапува за повеќе од 40 отстo

Сите приватни фирми, државни институции, јавни претпријатија и министерства кои се обврзале од снабдувачи да купуваат струја по цена од берзата ХУПЕКС во март ќе платат струја поскапа над 40 отсто од февруарската сметка



Сметките за електрична енергија за март за сите приватни фирми, министерства, болници, училишта, судови и други јавни установи поскапува за повеќе од 30 отсто. Ова важи за сите правни лица кои купуваат струја на слободен пазар, а со своите снабдувачи склучиле договори во кои се обврзале дека ќе плаќаат по цена од унгарската берза за струја ХУПЕКС.

Ова значи дека фирма со повеќе од 50 вработени која мора да купува на отворен пазар и која во февруари платила 5.000 евра за струја, за март ќе плати барем 2.000 евра поскапо.

Анализата на „Фактор“ на официјалните податоци од ХУПЕКС покажува дека просечната базна цена на електрична енергија на ХУПЕКС во првите 24 дена на март изнесува 264 евра за еден мегаватчас. Во споредба оваа цена просечната цена на електрична енергија за февруари изнесува 194 евра за еден мегаватчас (официјален податок достапен на www.hupx.hu.)

Просечната цена на струјата за првите 25 дена на март е повисока за 90 евра односно 46 проценти во однос на просечната официјална базна цена на мегаватчас за февруари.
По зголемената волатилност со цените на природниот гас во Европа уште од декември лани и пропаста на некои снабдувачи на нашиот пазар се случи драстична промена. Снабдувачите со цел да се заштитат од волатилноста на цените решија струјата да ја продаваат по цена од ХУПЕКС на која додаваат трговска маржа со која ги покриваат своите трошоци за набавка и пренос на струјата. Најголем дел од договорите кои се на сила кај буџетските корисници кои купуваат на јавни тендери (ги има околу стотина правни лица од јануари до сега) и уште околу 500 приватни фирми (по наши неофицијални сознанија) купуваат струја од снабдувачите по цени кои се формираат на ХУПЕКС. За сите овие фирми, институции и установи повеќе од сигурно е дека сметките за март ќе бидат поскапи можеби и за 50 отсто доколку во последниве 6 дена од март не се случи чудо!

Линк од целиот текст на Фактор.мк .