Декларација за обединување на опозициските партии на етничките Албанци

 

Потписи на декларацијата денеска во Скопје ќе стават лидерите на Алијанса за Албанците (АА)  Арбен Таравари и опозициските партии на етничките Албанци во земјава, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).



Претседателот на АА, Таравари завчера објави дека ќе биде кандидат за претседател  на државата, и очекува поддршка од Изет Меџити од Демократското движење,  Африм Гаши лидер на Алтернатива и од Билал Касами претседател на Движењето Беса.

Таравари најави дека ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.