Декан или жена ќе ја запираат војната меѓу фракциите во СДСМ за контрола на АНБ

Конфликтот за избор на шеф на моќната Агенција за национална безбедност кои кулминираше со бојкот во Собранието на повидок можно решение на војната меѓу двете крила во СДСМ кои сакаат да го добијат местото директор на АНБ.



Последниве информации говорат дека сега во игра се двајца нови кандидати кои се можен компромис а досега не беа директно во игра.

Еден од нив е деканот на факултетот за безбедност Никола Дујовски а вториот кандидат за наследник на Виктор Димовски на функцијата директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), е Магдалена Несторовска.

Несторовска е долгогодишен партиски активист на СДСМ која работела на повеќе државни функции а во моментов е актуелен државен секретар во МВР.

По судирот меѓу двете фракции во СДСМ еден од овие двајца кандидати може да е компромис за крај на војната меѓу крилото под контрола на Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи и Миле Зечевиќ, генсек на СДСМ.

Предходно за наследници на Виктор Димовски се споменуваа Заре Милошевски, Зоран Мацкиновски или Љупчо Мреновски. Фаворит беше Милошевски, началник по екстремизам во АНБ, кој важи за близок човек до Миле Зечевиќ. Тој е брат на Томе Милошевски, поранешен помошник-министер на одделот за обезбедување на ВИП-личности и објекти, кој често знаеше и јавно да ја критикува владата на Зоран Заев.

Зоран Мацкиновски е началник за стратегиска соработка, а Љупчо Мреновски, началник на одделот за контраразузнавање.

Според партиски извори можното примирје доаѓа по скандалот на седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенција за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање кога пратениците на СДСМ ја бојкотираа седницата кога требаше да се расправа за предлогот на сѐ уште актуелниот директор Димовски за пополнување на позицијата за нов началник на внатрешна контрола во АНБ.

За да се спречи понатамошна војна од која штета има СДСМ а на барање на Ковачевски но и странци, сега се оди на наводен компромис со предлозите на Несторовска и Дујовски за кои треба дополнителни консултации меѓу фракциите на СДСМ за членови на комисијата за контрола на тајните служби. Дел од членовите сметаат дека се работи за пресметка не само на партиски туку и на криминалните крила во владеачката партија.