Британски медиуми известуваат дека Владимир Путин ќе биде принуден да се откаже од контролата врз војната во Украина, бидејќи ќе оди на операција на рак.



Daily Mail пишува деја Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија, ќе го менува за време на неговото присилно отсуство.

На телеграмскиот канал General SVR беа изнесени непотврдени тврдења, кој наведува дека неговиот извор е добро позиционирана личност во Кремљ,  беше кажано дека 70-годишниот Патрушев се смета за клучен „архитект“ на досегашната воена стратегија и за човек кој го убедил Путин дека Киев е прегазен од неонацисти. Можеби ќе ве интересира

Наводно, Путин ја одложил операцијата за периодот по манифестацијата на Денот на победата што се одржува на Црвениот плоштад на 9 мај.

Веста доаѓа во време на шпекулации дека Путин ќе започне сеопфатна војна низ Украина и ќе нареди масовна мобилизација на мажи на возраст од војска

. Операцијата наводно била закажана за втората половина на април, но е одложена.

„На Путин му беше препорачана операција, чиј датум се разговара и се договара“…. „Се чини дека нема некоја посебна итност, но не може ниту да се одложи“.