Ана Дукоска, глобална координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“ од Вашингтон, реагира на честитката за Денот на човековите права од министерот за надворешни работи и потписник на Преспански договор, Никола Димитров.
„Дефиниција за хипокризија #Преспа #Име #Јазик# ИдентитетБетон“, прокоментира на Твитер македонската активистка од САД.
„Ден на човековите права – нешто што нелегално инсталираната влада во Македонија има смелост да го третира и покрај тоа што ја потпишаа ‘Преспа’ и ги сменија името и идентитетот на земјата против волјата на граѓаните @ОН #ПравоНаСамоопределување #НиеСмеМакедонија #НикогашСеверна“, твитна повторно Дукоска.




