Петиции со вкупно десет милиони потписи поднесоа демократите и либералните организации со кои се бара Конгресот да покрене постапка за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп.
„Во раце држиме десет милиони причини поради кои сме денеска овде, рече Ал Грин еден од претставниците на иницијативата.
Иако демократите имаат мнозинство во претставничкиот дом, сенатот, кој е задолжен за „судење“ во постапката за отповикување, го контролираат републиканците, кои сигурно ќе гласаат против.





