„Нашата препорака е училиштата да почнат со настава со онлајн, со два исклучоци:



Со физичко присуство да почнат учениците од прво до трето одделение, но по барање на родителот, да може да има избор и за онлајн настава“ рече на денешната пресконференција министерот за здравство Венко Филипче според кој „има родители кои се хронично болни, или децата ги чуваат баби и дедовци кои се во ризична категорија“ па во таков случај можен е исклучок.

Министерот соопшти дека има училишта каде што има мал број на деца во одделенијата, па таму по избор ќе може да се организира настава со физичко присуство, но да нема повеќе од 20 деца.