“И ним треба да им се овозможи еднаква можност некаде да конкурираат и да се вработат, но процесот и целата постапка мора да бидат транспарентни, јавноста да знае дека ги исполнуваат потребните критериуми и се соодветното работно место.
Не смее, тие да бидат третирани како да се од „втор ред““, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето за случаите на непотизам синоќа во емисијата „Отворено студио“ на јавниот сервис.
Премиерот, на МРТ гостуваше во заедничко интервју со министрите Дамјан Манчевски, Мила Царовска и Венко Филипче.





