Полицијата започна истрага по информациите во јавноста дека во затворена група “Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, малолетници објавуваат, споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од целата земја.
Дел од фотографиите биле превземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.
На ова реагираа од МВР:
-Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група. За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци, вели Славјанка Петровска, дополнителен Министер за внатрешни работи.




