Деца нашле спас од мечка во претседателската вила во Охрид

Две деца налетале на мечка додека се возеле на велосипедската патека од Горица до Охрид , објави ТВ Алфа.



Веднаш ги фрлиле велосипедите и отрчале да се сокријат во претседателската вила „Билјана“.

Родителот кој не сакал да зборува пред камера, го потврдил инцидентот.

Веќе неколку месеци мечката се симнува во урбаното подрачје каде што има хотели Пчеларот Благоја Алач вели дека мечлката веќе уништила 200 пчелни семејства. Мечката поминува низ пат каде поминуваат рекреативци и деца кои одат на школо пешки и ризикот е многу голем. Нејзиното присуство со помало мечо може да биде опасно, вели Алач.

Од Националниот парк Галичица информираат дека таа е заштитен дивеч и дека право да ја залови има само Министерството за земјоделство.