Кандидатката Гордана Силјановска Давкова е натпартиски кандидат поддржан од многу граѓани кои имаат различна политичка определба денеска организираа дебата на тема: Прва жена Претседателка?



На дебатата зборуваа професорките Каролина Ристова Астеруд и Елка Јачева Улчар, како и режисерот Јани Бојаџи.

„Со прашањата кои ги отвора во кампањата, со самата кампања и секако со тоа што ги тера луѓето да размислуваат да гласаат за жена кандидат, Силјановска прави промена“, рече професорката Астеруд според која „Силјановска Давкова е една автентична феминистка од почетокот на нејзиното женско битисување. И тоа таа го докажува преку својата работа и на факултет и во своите граѓански ангажмани па дури и во своите епизодни политички ангажмани”.