Дебакл на екс УЧК командантите на косовските избори

Неочекувани резултати на предвремените парламентарни избори на Косово.



Од вкупно 120 пратеници од кои 20 се гарантирани за малцинствата по 32 пратеници освоиле партијата ЛДК на Вјоса Османи и движењето Самоопределување на Албин Курти.

Партијата на експремиерот Рамуш Харадинај освои 11 пратенички мандати а 24 пратеници освои ПДК на претседателот Хашим Тачи.