Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата одржана вчера, донесе Одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ.
„Демократскиот сојуз подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ“ соопштија од партијата на Павле Трајанов.







