Давор Поповски: Законот за високо образование ќе го уништи студентското движење

Претседателот на Студентскиот парламент Давор Поповски воопшто не бил поканет на јавната дебата во Собранието по предлог законот за високо образование кој вчера го мина првото читање. Поканата стигнала дури откако тој побарал да добие право да ги брани интересите на колегите на јавната расправа.



Дел од решенијата во него се обид за маргинализирање на студентите и нивна пасивизација вели во интервју за expres.mk Поповски.


Кој е најголемиот пропуст во законот гледано од аспект на студентското движење?

Предлог законот не се грижи за социјалната компонента, односно власта нема да го вреднува трудот и знаењето на студентот, па така воопшто не ги пропишува следниве одредби кои по стариот закон студентите можеа да ги користат:

Се укинува правото на редовен студент кој е запишан во приватна квота на јавните универзитетите и плаќа 400 евра, по првата година од студиите доколку постигне просек од 8.5 да може да се префрли во државна квота и да плаќа 200 евра до крајот на студирањето доколку го задржи просекот.


Загрозени се и најранливите групи студенти?

Законот го укинува правото за намалување на партиципација на децата од еднородителски семејства. Отсега, децата од еднорородителските семејства се изедначени со сите студенти и немаат право на поволности при студирањето.
Се укинува правото на бесплатно школување на студенти со завршен просек од во предходната година.


Според дел од решенијата наскоро ќе се врати системот “професор – господ” без право на поплака и жалба?

Со овој закон студентите веќе немаат право на приговор на оценката од проверка на знањетето.
Минатиот закон им овозможуваше право во рок од 24 часа да поднесе приговор до деканот, ако не се задоволни од оценката или ако сметаат дека испитот не е спроведен во согласно со законот.


Што ќе се случува со студентското организирање по ваквите навредливи предлози?

Иако ветуваа дека студентите ќе добијат поголема можност за студентско претставување, во предлог законот се предвидува новиот студентски претседател на универзитетот да биде избран од редот на 44 претставници во универзитетсткото студентско собрание.
Според логиката на владата НЕМА ДЕМОКРАТИЈА во студентското организирање, кога на непосреден начин секој студент има право на избор, сега има демократија кога тоа право е само на 44 студенти! Скандалозно е тоа што правото на секој студент да се кандидира за претседател на Универзитетското студентско собрание се укинува и тоа право важи само за 44 претставници во универзитетското студентско собрание.


Деканите со ова стануваат главни претставници на студентите?

Новото законско решение го укинува правото на студентско организирање и спроведување на избори по факултетите со тоа што целата постапка е во рацете на деканот и со тоа студентското организирање го става во зависна позиција во однос на деканите и ректорот на универзитетот.


Студентите односно нивните организации во иднина можат да ги загубат и оние малку ресурси што ги имаа досега?

Новата студентската организација ќе биде Финансиски зависна од Универзитетите и факултетите, бидејки губејки го својството на засебно правно лице, функционирањето ќе зависи исклучиво од послушноста и сервилноста спрема факултетите и универзитетите бидејки се губи секоја можност студентите да аплицираат на домашни и странски фондови и дополнително да се финансиираат и да бидат дел од заеднични меѓународни проекти.


Се случува ли спречување на здружување на студентите и сузбивање на плурализмот во студентското организирање?

Уставот на р.Македонија гарантира слобода на здружување на граѓаните и тоа право ним не може да им се укине со ниеден закон во Републиката.
Владата преку предлог законот сака да ја згасне студентската организација СПУКМ. Тоа е недопустливо и се коси со сите принципи на демократија и човекови права.

Новото законско решение ја става раката врз институцијата студентски правобранител со тоа што изборот на студентски правобранител го доверува на универзитетскиот сенат кој треба да одлучи кој студен е подобен за да ги штити правата на студентите, наместо самите студенти да имаат право на избор. Ваквиот студентски правобранител ќе им биде во служба на професорите наместо на самите студенти.