Давитковски: „Со расправата за изборниот закон и една изборна единица партиите го узурпираат избирачкото право на граѓаните“

„Иницијативата за една изборна единица е влезена во собраниската процедура како предлог на помалите партии од владината коалиција. Според универзитетскиот професор Борче Давитковски, ‘Уставот не кажува дека е право на партиите, или на коалициите, да поставуваат услови за начините на исполнување на избирачкото право.“ – вели Јасминка Павловска во својата анализа со наслов „Изборниот законик има синергија за конструктивна политичка енергија“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

„Расправата и гласањето за Изборниот закон не влегуваат во агендата на активната блокада на Собранието“

Павловска пишува: „Минатата недела министерот за правда Никола Тупанчевски најави изготвување нов закон за избори, во кој ќе бидат вметнати препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Министерот вети дека политичките партии наскоро ќе добијат покана за учество во работни групи, со цел да помогнат во процесот на изготвувањето на новиот закон. Надоврзувајќи се на оваа иницијатива на министерот за правда, опозициската ВМРО-ДПМНЕ изрази поддршка и волја сериозно активно да учествува во изготвувањето на новиот изборен закон. ВМРО-ДПМНЕ порача дека претходно ќе треба заедно со владејачкото мнозинство да се изгласа предлогот за една изборна единица.“

„Идејата за една изборна единица е прифатлива за ВМРО-ДПМНЕ. Се блокираат законите, што се штетни за граѓаните. Ако биде постигнат договор, активната блокада нема да биде пречка за усвојување на едната изборна единица.’ – вели политичкиот аналитичар Александар Пандов.“

„Давитковски: Условот за консензус за Изборниот законик го измислија самите партии“

„СДСМ повторува дека го прифаќа предлогот за една изборна единица. ДУИ не отстапува од позицијата дека ‘каков модел и да се воведе, ќе биде потребна меѓупартиска согласност’, но една изборна единица не влегува во нивната мерка за демократија. Алијансата на Албанците е согласна да се менува Законот за избори, но наместо една изборна единица предлага осум. Тоа дополнително ја усложнува ситуацијата, односно ја прави недостижна согласноста.“

„Начинот на кој се одвива расправата за менување на Изборниот законик, па и иницијативата за една изборна единица, многу наликува на узурпација на избирачкото право од политичките партии, дефинирано со Уставот. Никој не ги прашува граѓаните како сакаат да го користат своето избирачко право. За начините на практикување на избирачкото право не е потребна партиска согласност , туку општа согласност, до која ќе се дојде преку поширока јавна расправа, за да се види што сакаат граѓаните.’ – вели универзитетскиот професор на Правниот факултет при УКИМ Борче Давитковски.“

Интернет-врска до целата анализа:



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/izborniot-zakonik-ima-sinergija-za-konstruktivna-politichka-energija/