„Во демократските земји, значи, кога ќе се дојде на власт веднаш се почнува со реформи, ако нешто се сака, бидејќи тоа е и во програмата.



А, не на крај на мандатот.

Сега веќе сме на крај, мислам се ова што ќе биде нема никаков ефект“, му предочи универзитетскиот професор Борче Давитковски на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тема на вчерашната емисија „Печат на неделата“ беа неопходните реформи во администрацијата и зошто ниедна реформа во последните 20 години не даде добри резултати.