Во случајот со М-НАВ потфрлија инстуциите кои што се партизирани и кои не одговараат пред Уставот на државата и пред законите, ниту пред граѓаните, коментира универзитетскиот професор Борче Давитковски. Според него, Владата доцни со разрешувањето на раководството на М-НАВ.
Во изјава за ТВ Телма, професорот Давитковски вели дека еклатантен пример е токму упадот во М-НАВ каде што се виде дека сите институции потфрлија, почнувајќи од обезбедувањето на М-НАВ, потоа МВР кои требаше веднаш да ги уапсат насилниците, се до Владата која е надлежна за ова акциенерско друштво во државна сопственост.
Владата требаше веднаш да одржи вонредна седница на која ќе ги разрешеше директорите на М-МАВ, а не да се дозволи дури утредента да држат безвезна прес-конференција на која не кажаа ништо, односно ги бранеа осумте насилници кои што влегоа во институцијата“, вели Давитковски.
Тој предупредува дека за еклатантното кршење на законот може дури и да го изгубиме и небото.

Home Македонија Давитковски: Институциите потфрлија во случајот со М-НАВ. Се доцни со разрешување на...





