Давид го бара Бурим, да му го врати паричникот (ФОТО)

Македонскиот печалбар во Хамбург, Германија Давид Симоновски објави дека бара контакт со извесен Бурим кој има германски документи но е роден во Македонија.



,,Најден е новчаник во Хамбург на албанец од Македонија роден во Тетово. Ако некој го познава БУРИМ СЕЛИМИ нека ме контактира!

Убава вечер и среќни празници!!”, пишува Давид во пораката на социјалните мрежи.

Ако некој го знае Бурим Селими може да објави на групата Македонци во Германија.