Давале возачки дозволи на лица кои немале положено

Вработени во Одделението за управни работи во Скопје, незаконски им издале возачки дозволи на 28 граѓани, велат од полицијата.



Поднесени се кривични пријави за 8 вработени во МВР за злоупотреба на нивната службена положба и фалсификување на службена исправа.

Еден од осомничените, во чиј дом е извршен претрес по наредба на судија во претходна постапка, е приведен во полициска станица.

„Обезбедените материјални докази ќе бидат предадени на јавен обвинител за понатамошна постапка. Осомничените службени лица се суспендирани од работните места и против нив ќе бидат поведени дисциплински постапки“, велат од МВР.