Даути: Албанците се разбудија – вистинската Албанија постои засега само во фудбалот, оти има репрезентација со играчи од сите албански територии

„Победата на фудбалската репрезентација на Албанија и ремито на Косово предизвикаа национално колективно будење на Албанците во фудбалот, но тоа си го бара својот калап, кој им беше оспоруван на Албанците во текот на минатиот век. Вистинската Албанија во овој момент постои само во фудбалот, со оглед дека фудбалската репрезентација на Албанија прими во своите редови фудбалери од сите албански територии.“ – вели новинарот Даут Даути во својата колумна со наслов „Будење на Албанците“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА-Илирија.



Даути пишува: Победата на фудбалската репрезентација на Албанија и ремито на Косово создадоа голем бран на чувства кај Албанците. Ова не е еуфорија. Тоа е природна појава кога Албанците го покажуваат своето задоволство, потврдувајќи дека се разбудиле и оти стануваат важни не само во спортот, во фудбалот. Но, фудбалот, поради моќта на масовноста е најефикасниот начин на колективното демонстрирање на чувствата, што ги има едно општество.

Секако во овие бранови на чувства беа вклучени и двете светски фудбалски ѕвезди Џака и Шаќири, кои настапуваат за Швајцарија. Тие беа со душа за Косово по дух и заслугата за ремито меѓу Косово и Швајцарија е нивна, затоа што не сакаа да играат, како што играат секогаш. Нивната позиција меѓу двата огна не е лесна.

Фудбалската репрезентација на Албанија стана важна сила, бидејќи прими во своите редови фудбалери од сите албански територии. Во овој момент вистинската Албанија  постои само во фудбалот и тоа не е нешто обично и неважно. Ова е будење на Албанците, пројавено во фудбалот, кое си бара свој калап, кој е негиран во текот на минатиот век.