„Давам се од себе да добиеме согласност од сите земји-членки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и Албанија“, вели еврокомесарот Јоханес Хан во разговор за Радио Слободна Европа.
Тој се надева дека двете земји ќе добијат зелено светло пред почетокот на летото.
На прашањето дали двете земји ќе добијат зелено светло во октомври, наместо во јуни, Хан вели:
„Па, има некои дискусии, но јас сум фокусиран да има одлука пред летото, бидејќи тоа секогаш беше нашата намера. Ние ќе го претставиме нашиот годишен извештај за две недели, каде што сигурно ќе дадеме позитивна препорака за двете земји.
Се разбира, секогаш има некоја работа што треба да се направи. Но, особено кога станува збор за Северна Македонија, мислам дека треба да го признаеме големиот напредок што оваа земја го направи во надминувањето на билатералните конфликти, што е предуслов за идно членство“.





