Даскаловски за оригиналниот грев и (не)европскиот дух во францускиот предлог

Професорот и експерт за геостратегија Жидас Даскаловски анализира како Македонија дојде во ситуација водечка земја членка да и наметнува предлози кои немаат ништо европско во себе.



За Даскаловски францускиот предлог е исто како да се прифати погледот на Путин за рускиот карактер на Украина.

,,Ништо европско во францускиот предлог за почеток на преговори за пристапување во ЕУ со Македонија. Прифаќањето на бугарскиот наратив за македонската историја и идентитет е еднакво на прифаќање на визијата на Путин за украинската историја. Но, секако првобитниот грев беше поддршката на Преспа и грчките барања за македонското име и идентитет”, анализира професорот.