Даскаловски: Травестијата со Грција донесе бугарско славење на соработник на Хитлер во Македонија

Професорот Жидас Даскаловски ја сублимира ситуацијата со Македонците во Бугарија и причините за денешното славење во Битола на бугарската влада на соработникот на фашистите во втората светска војна Ванчо Михајлов.



,,16 пресуди против Бугарија на Европскиот суд за човекови права. Не е дозволен македонски клуб. Но бугарски клуб на Ванчо Михајлов се отвора во Македонија. Соработник на НДХ, лидер на дегенерираната фракција на ВМРО, побаран од Хитлер да владее со Македонија во 1944 година. Травестија направена во име на добрососедските односи и влезот во ЕУ. Грција направи преседан.

Во Бугарија треба да се почитуваат правата на Македонците. Нивните здруженија треба да ги регистрира Софија. Државните институции како Културно информативниот центар на Македонија во Софија не се доволни. Бугарите во Македонија можат слободно да ги регистрираат нивните, никој не го негира нивното постоење”, пишува Даскаловски огорчен што Софија слави соработник на нацистите во Битола а не дава регистрација на Македонците во Софија, Сандански, Петрич или Благоевград.