Професорот по геостратегија Жидас Даскаловски кој дел од своето образование го стекнал во Софија ги коментира односите меѓу Македонците и Бугарите во контекст на премиерот знаењето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Српската црква.
,,Бугарија повторно изгуби. Никако да научи лекција.
Србија, која помеѓу двете светски војни имаше брутален окупациски режим повторно успеа да ги придобие Македонците. Се откажаа од империјални амбиции да раководат со црковни прашања и повторно се здобија со симпатии меѓу народот.
А Бугарија?
Со толку многу луѓе кои се со потекло од Македонија, и од Егејска и од Вардарска, да не можеш да имаш нормален однос кој Македонците во Република Македонија е просто глупаво. Едните тука се Македонци, тие таму главно се Бугари.
Што е толку тешко да се признае реалноста?
Признавањето на јазикот и на Македонците во Република Македонија и во самата Бугарија само ќе придонесе да се подобрат односите, а Софија ќе биде ценета како Белград, и со тек на времето ќе се изградат братски односи дури и подобри од тие со Србија”, пишува Даскаловски кој одлично ги познава состојбите во Бугарија и Србија.





