Граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите по 19 часот, ќе можат да го остварат своето право на глас, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.



Тој ги охрабри граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори, а ДИК со мејл ги известила општинските изборни комисии да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, ако е потребно.

Спорото гласање на изборите е поради многуте многуте листови за гласање, една четвртина од отпечатоците од прсти кои ги добиле не биле со добар квалитет, како и поради мерките за заштита од Ковид-19.

„За Град Скопје има четири ливчиња, има огромни избирачки списоци, проверката трае двојно. И таму ќе биде дозволено да се гласа се додека не гласа и последниот гласач“, рече Даштевски.