Првиот човек нановоизбраната Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги негира обвинувањата дека функција ја добил затоа што му помогнал на поранешниот премиер Никола Груевски да добие азил и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски исполнува ветувања кон него.
По денешното давање на свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК тој за својот избор и тоа што доаѓа на предлог на опозициската партија рече дека „изборот е по предлог на партија до избирање“.
„Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош.
Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене“ изјави Даштевски.





