Уште минатиот состав на ДИК барала од Министерството за финансии пари за набавка на уреди за читање на отпечатоци од прст за локалните избори кои треба да се одржат наесен, вели претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски според кој ова барање е обновено.
„ Пари во буџетот не се одобрени и по изборот и доаѓањето на овој состав. Поднесено е барање за одобрување на средства со трансфер на пари, потоа и јас лично поднесов барање со ургенција. Се’ уште немаме одговор од институциите“, вели Даштевски во изјава за „Курир“.





