Даштевски ја објасни процедурата како може да се учествува на парламентарните избори истакнувајќи дека странска партија нема шанси да биде на листите.
– Услов за учество на изборите е да се македонски државјани и да ги исполнуваат законските услови како што се државјанство и жителство. Без тоа не може да бидат запишани во Избирачкиот список. Не може странец да учествува на изборите ниту пак странски партии – објаснува Даштевски.
Партијата „Самооределување“ на Курти не е регистрирана во Македонија ниту пак нејзин огранок и со тоа е невозможно да учествува на изборите во Македонија како што најавија од албанската опозиција. На Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.
Изет Меџити од Демократското движење објасни на кој начин „Самоопределување“ ќе биде вклучено на изборите.
– Беким Ќоку е државјанин на Македонија и тој ќе биде на заедничките листи. Тој е член и на Генералното собрание на движењето „Самоопределување“ – нагласува Меџити.






