Дарко Митревски: “Изволте госпожа НАТО, мртва уста да го крка”

Режисерот на Балкан Кан и Трето Полувреме Дарко Митревски во својата нова колумна го споредува тоа што го нуди актуелната власт со тоа што на крајот на комунизмот го нудеа шибицерите и тапкарошите по скопските улици.



“И како времето им лета, така тие се понападно ги убедуваат потенцијалните муштерии: „Ова ти је оригинал Европска Унија, господине, ја лично ти гарантирам сто и два посто, пипни како е мека, ако сакаш може и две за сто ќе ти дадам… Изволте, госпожа, да видите што НАТО имаме денес, мртва уста да го крка… Ајмо народе, европска Македонија, мајка да проба, на ќерку да не да”, пишува Митревски во колумната што ја објавува мкд.мк на следниот линк.