Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ѝ донесе златен медал на Македонија со убедливиот триумф во трката на 3.000 метри на 26. Балканско првенство во сала во Истанбул.



Ивановски, кој на претставувањето пред трката позираше со знакот на Обединета Македонија, ја истрча патеката за 8:03,95 минути, оставајќи ги далеку зад себе „сребрениот“ Турчин Чихат Улус (8:10,69 мин.) и „бронзениот“ Словенец Вид Ботолин (8:10,76 мин.).

Следен настап на Ивановски ќе биде Европското првенстбво во сала што ќе се одржи од 5 до 7 март во полскиот град Турун.

Фотогалерија на линкот:

https://www.facebook.com/igor.jakimovski.7/posts/5413165672028686