Данска објави дека трајно ќе престане да ја користи ковид вакцината на „АстраЗенека“ поради грижите околу ретките случаи на тромбоза.
Таа е прва земја која целосно ја исфрлува оваа вакцина од својата програма за имунизација, додекаголем број држави ја ограничија употребата на вакцината на одредена возрасна група, вклучувајќи ја и Македонија.
Европската агенција за лекови минатата недела објави дека постои можна врска помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и тромбоза.
Од исти причини САД и ЕУ ја суспендираа и вакцината на „Џонсон и Џонсон“.







