Данска: Почна со работа најголемата ветерница за производство на струја на светот

Најголемата турбина на ветер во светот висока 271 метар ќе може да снабдува со електрична енергија повеќе од 18.000 домаќинства, објавија медиумите.



Германскиот производител на ветерна енергија Siemens Games ја пушти во работа турбината на ветер пред Божиќ, а менаџерот на проектот во Јенс Модруп рече дека на тимот од 100 луѓе му биле потребни неколку години за да ја изгради.

,Според Компанијата, турбина при слаб ветер и со само три ротации ветерот може да ги наполни батериите на еден Tesla Model 3.

При најголема брзина на ротација ќе може да произведе до 14 мегавати и да снабдува електрична енергија за околу 18.000 домаќинства во Европската унија.