Ова го изјави вршителот на должноста министер за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен на брифинг со украинскиот министер за одбрана Олекси Резников во понеделникот во Медиумскиот центар Украина – Одеса, пренесе Укринформ.
„Ќе почнеме да испорачуваме тенкови Леопард 1 во Украина пред летото. И тогаш, се надевам, гледајќи половина година напред, ќе ни биде возможно да донираме околу 100 тенкови Леопард 1, а тоа, ќе кажам, би било значајно нешто за украинската армија“, рече Поулсен.
Во блиска иднина ќе ги слушнеме „Леопардите“ како рикаат со дански акцент“, бил коментарот на Резников.






