По синоќешната поддршка од од германскиот Бундестаг за отворање преговори на Македонија со ЕУ водечките македонски политичари преку социјалните мрежи побрзаа да се заблагодарат, јавува „Дојче веле“ .
Двете најголеми владејачки партии, ЦДУ и СПД синоќа дадоа поддршка на С. Македонија, а кон неа се придружија и опозициските Зелени и Либерали. Популистичката АфД беше против, а Левицата делумно воздржана.
Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва преку Твитер ја искажа својата благодарност за поддршката од Бундестаготт за отворањето пристапни преговори со ЕУ, со едноставно: Danke Deutschland.
“Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.





