Даниловски: Предлагам укинување на обврска за маски во училиштата

Јас би предложил укинување на маските во училиштата. За мене тоа е бесмислено веќе во ова зелено ковид ниво, вели епидемиологот д-р Драган Данаиловски.



Маски во затворено за највозрасните и хронично болните, но не и во училиштата, предложи во разговорот за ТВ Канал 5 Даниловски.

„Влезени сме во зелена зона оттаму дефинитивно е потребно да се укинат сертификатите за вакцинација, тоа требаше и порано, но треба да останат препораките за носење маски во затворени простории особено за луѓе кои имаат хронични заболувања и се постари од 65 години“, вели Даниловски.