Град Скопје реагираше на забележките од јавноста дека неправедно е изоставен Данило Коцевски, чие име не се најде на листата на предложените над 500 нови називи на улиците во главниот град.



„Сакаме да ја информираме јавноста дека името на Данило Коцевски е едно од имињата предложени во Листа за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје, која ќе се најде пред Советот на Град Скопје на наредната седница. Имено, името на Данило Коцевски, книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург, поет и хроничар на Скопје, е дел од новата листа на предложени имиња (страница 46, реден број 250).“, се наведува во реакцијата од Град Скопје.