Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска е избрана за член на бордот на Глобалниот комитет на жени лидери. Со бордот ќе претседава Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела, а го сочинуваат 12 светски познати членови.
„Да се види име македонка во бордот на Глобалниот комитет на жени лидери е гордост и чест за мене лично, но и професионално. Со Сојузот направивме многу за интернационално да постигнеме успеси во економската соработка и меѓу првите дигитализиравме дел од алатките за меѓународна трговија. Со успех во работата го истакнавме фактот дека и покрај тоа што сме само неколку жени во светот претседатели на национални комори, можеме да промениме многу и да придонесеме за општо добро“, изјави Арсовска.






