Професорката Ана Павловска Данева вели дека извидничкиот камп за сексуална едукација, кој бил организиран викендов близу Зелениково, е досега најмасовна злоупотреба на правата на децата, а организаторите на овој скандалозен настан мора да бидат санционирани. 



„Она што им се случувало на децата во т.н. извиднички камп е досега најмасовна злоупотреба на правата на децата во нашава земја. Ако ова не биде санкционирано и МВР веднаш не поднесе кривични против организаторите, да не бидеме изненадени доколку родителите си ја преземат правдата во свои раце!“, напиша Павловска Данева на својот фејсбук профил.

Како што пишуваа медиумите, во кампот од учесниците барале да кажуваат имиња на фирми за производство на кондоми, колку секс партнери имале досега, да симулираат секс пози и слично. Скандалозните активности биле пријавени и во полиција, а Обвинителството и МВР истражуваат што се случувало во тој камп.

Родител, за случајот алармираше преку „Слободен печат“  со сведочње дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извидничкиот камп.

Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со редакцијaта, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир.

Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол” наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40 малолетници.