
„Наспроти досегашното поимање на истата како начин на стекнување на привилегии на побрзо збогатување. Политиката не смее да биде извор на раздор, на поделби. Таа треба да биде точка на зближување и мост за надминување на сите проблеми преку дијалог“, рече таа.
Арсовска информира дека партијата Нова Алтернатива ќе има четири постулати врз кои ќе се заснова – правдата, ослободување на економијата од стегите на крупниот капитал и воведување на еднакви можности, борбата со корупцијата и криминалот и целосна дигитализација на јавната администрација. Таа соопшти дека веќе од наредната недела ќе ги почнат активностите на партијата околу изборот на органите и програмата.
„Ова се нашите основни постулати правда – вековниот стремеж на Македонецот за своја сопствева држава е впрочем и вековен стремеж за правда, затоа што државата е таа која треба да им гарантира праведност, правичност и еднаквост на сите наши граѓани пред законот. За жал, македонските политички елити во изминатите 33 години независна македонска држава, не успеаја да го остварат вековниот стремеж на Македонецот за правда. Не дека не можеа, јас повеќе би рекла дека не сакаа. Оттука неслучајно довербата во македонскиот правосуден систем е на рекордни најниски три проценти. Вториот постулат на Нова Алтернатива е ослободување на економијата од стегите на крупниот капитал, воведување на еднакви можности. Во изминатите 33 години Македонија мина низ транзиција и се трансформира во една квази капиталистичко општество кое што доведе до екстремно богатење на мала група на моќници и осиромашување на над 90 проценти од македонското население. Оваа точка од нашата визија е зголемување на економските слободи и целосна дерегулација, но и силна антипомополска политика. Третиот постулат на партијата е борбата со корупцијата и криминалот. И четвртиот последен постулат е целосна дигитализација на јавната администрација“, рече таа.
Арсовска во изјава за медиумите информира дека партијата Нова Алтернатива ќе учествува на претстојните парламентарни избори и посочи дека за нив остануваат отворени сите опции за коалицинирање.
На новинарско прашање дека политичката партија Нова Алтернатива досега беше во коалиција со СДСМ, Арсовска одговори дека на конвенцијата партијата донела одлука за да излезе од коалицијата.
„На конвенцијата Претседателството донесе една практично одлука со којашто се излегува од коалицијата. Нормално, партијата ќе ги пресметува своите следни чекори и ќе размислува што е она што сакаме да го направиме и ќе ги гледаме програмските активности. Она кое што го слушнавте денеска како постулати и нема друг начин да се соработува со никого, доколку не ги прифати постулатите што ги застапуваме. Самите слушнавте дека тоа е нешто кое што е навистина исклучително важно. Нешто коешто го застапуваме и во коешто искрено веруваме. И затоа во овој момент како нова политичка сила верувам дека ќе можеме да придонесеме и тоа ќе го правиме независно сами“, рече Арсовска.

На Конвенцијата за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива присуствуваше генералниот секретар на СДСМ – Миле Зечевиќ.






