Иако веќе една година нема никакви релации со партијата поради кои победи на изборите а има цели три години сама да го спроведе ветеното градоначалничката на Скопје сака да се амнестира од хаосот што му се случува на главниот град.
Во интервју за ТВ24 Данела Арсовска не прифаќа лична одговорност за спроведување на изборните ветувања туку топката ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ иако таа лично заедно со Левица и ДУИ го води градот кој тоне се повеќе.
,,Доколку дојде до неисполнување на проектот за модерно Скопје, товарот нема да е кај мене, туку кај останатите партиски елити кои ме поддржуваа, одеа од врата на врата, сега саботираат. Ние имаме политичари што ништо не ги интересира освен личен бенефит. Да не беше така досега ке имавме реализација”, вели Арсовска во интервјуто.
Градоначалничката во интервјуто се обидува навремено се “амнестира” за својата неспособност.
Таа не признава вина ниту за тоа што за 12 месеци на секои 3 до 6 месеци самата менува директори на јавните претпријатија.
Арсовска допрва ќе треба да каже дали прифаќа одговорност за набавка на нафта за градот вредна 27 милиони евра која на тендер ја доби Пуцко Петрол.
Огромната набавка според извори од град Скопје се случила со помош на близок човек на Арсовска кој беше во затвор за корупција а сега се спомнува како кандидат за подизведувач на работите на коридорите што ќе ги градат Бехтел и Енка.





