„Господинот Заев веќе ја најави својата оставка, истиот момент кога јас ќе победам и ќе бидам новиот градоначалник на Скопје. Тоа го мислеше како закана, но за Македонија тоа ќе биде благослов. Господине Заев, ве предизвикуваме: Вашата оставка нека биде првото ветување што сте го дале, а сте го исполниле“, кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска во синоќешното обраќање пред скопјани.
„Затоа, драги мои скопјани, драги мои сограѓани да му помогнеме да си замине. Да ја започнеме промената во Скопје”, изјави Арсовска.
„Никој веќе не ви верува, вашата црна кампања за жал нема да ве спаси. Граѓаните сакаат лидери кои стојат на својот збор. Сега е вашето време да се извините – не мене, затоа што мене многу неправда ми нанесовте… рееч Арсовска.
На градоначалникот Шилегов му порача дека е „време да се извините на граѓаните кои секојдневно ги лажете. Време е да се извините што не исполнивте 95 отсто од вашите ветувања, господине Шилегов – за запоставување на Скопје, за нерешавање на сообраќајниот хаос, за уништување на нашето зеленило и за несправување со загадувањето на нашата животна средина“ порача Арсовска.






