Градоначалничката на Скопје отфрла секаква одговорност за состобите во ЈСП, поради што вработемните се заканија со штрајк поради неисплатената плата.
Штрајкот за денеска е откажан, но може да биде активиран доколку денеска претпријатието не ги исполни обврските кон вработените..
„Поважно е прашањето како некој направил мултимилионски долгови во ЈСП за 4 години поради кои претпријатието е во критична состојба. За неколку месеци, директорот на ЈСП прави сè што може за консолидација на претпријатието што е соочено покрај со наследените милионски долгови и со 400% зголемување на енергенсите поради енергетската криза“, вели Арсовска.
Таа додава дека Скопје нема да остане без јавен превоз, бидејќи на вработените деновиве ќе им биде исплатена септемвриската плата.







