Дане Талески, досегашен советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев и Национален координатор за НАТО ќе биде нов амбасадор на земјава во Алијансата.
Во четврток неговиот избор ќе биде ставен на седница на владата.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров минатата недела го критикуваше неизбирањето на амбасадор во време кога земјава станува членка на НАТО.
Се очекува ратификацијата на македонското членство во Алијансата да помине пред распуштањето на Собранието на 11 Февруари.




