Режисерот Борис Дамовски реагира на објаснувањето на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за фотографирањето пред грбот на ОНА во канцеларијата на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.
„Од книгата ‘Дресура на вазали, квинслизи, кодоши и слични гадинки’: Секогаш кога дебело ќе покакаш, спомни НАТО, good governance, нешто мир, трт, мрт…“, коментира еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во протестите пред три години.




