Дамовски: „Суверенитет или смрт“ треба да се извезе на новите знамиња за борба

Режисерот Борис Дамовски смета дека е подобро да не работат училиштата, бидејќи македонскиот народ не е суверен ниту во образованието.



„Образованието кај нас се води по странски програми, историјата е посебно искасапена и цензурирана, политкоректноста наседнала на вистината, со други зборови – ниту таму не сме суверени како народ. Подобро е да не работат училиштата. Да, ќе имаме полуписмени дронови, но и љубопитни, вистинољубиви, созерцателни деца со генетска меморија кои ќе изродат нова македонска мисла и одново ќе го завртат тркалото на македонизмот. Ќе требаат децении, но подобро тоа отколку бавната сенародна смрт во која живуркаме.
Лажната слобода која ја трубат заробените и купени политичари, медиуми и невладини да не ја гледаме како исполнување на повикот ‘Слобода или смрт’, да ја замениме со вистинскиот збор со кој денес Македонецот не владее – ‘суверенитет’. ‘Суверенитет или смрт’ треба да се извезе на новите знамиња за борба и да се всади во умната иднина на Македонија“, вели еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.