Режисерот на „Еднооки“, Борис Дамовски, со коментар за негативната селекција испровоциран од сагата за несудената конзулка во Њу Џерси, ТВ-презентерката Бесмира Ејупи.



„Медиократијата ги уби половина делегати од АСНОМ и раат си владее ден-денес. Презентерки и цвеќарки во дипломатијата се нивен избор, само еден од начините да досотрат сѐ што е нужно за опстанок на една нација. Во денешно време не е ‘политички коректно’ да спроведат геноцид, па тоа го прават со бришење историја, идентитет и интелект. Долга и болна еутаназија завиткана во целофанот на нацилиберализмот“, напиша на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.