Дамовски и Тарчуловски сакаат правда, не амнестија

„Правда, не амнестија“, беше кусиот коментар на Борис Дамовски, еден од обвинетите за настаните од 27 април, по изјавата на Зоран Заев со која понуди амнестија за случувањата во замена за гласање на пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, пренесува „Денешен“. 



И пратеникот на ВМРо-ДПМНЕ обвинет во врска со настаните од 27 април е со сличен став:

„Како може во име на судството тој да нуди амнестија, кога нели е независно. Тоа се пусти желби на Заев за уставни измени. Ниту можам став сега да дадам, ниту можам да коментирам затоа што сум засегнат со обвинението“ изјави денеска Јохан Тарчуловски за „Фокус“.

Големиот пресврт, до вчера наводно не даваше сега самиот нуди амнестија