Дамева смета дека со нејзиното враќање се враќа и довербата во правосудството!

Весна Дамева која по одлуката на Управниот суд денеска е вратена на претседателската позиција на Судскиот совет рече дека оваа постапка е почеток на враќање на довербата во судството.



-Во 2023 година се случија немили настани во судскиот совет. Очекувам сите членови и судскиот совет заедно во 2024 година ќе најдат начин да ја санираат таа состојба и да се вратат на веќе  трасираниот пат и да ги исполнат основните заложби. Лично сметам дека пресудата на Управниот суд е првиот чекор кој влева надеж дека правдата е достижна и сметам дека тоа е почеток на враќањето на довербата на граѓаните во судството. Нашата работа и сите заложби ќе останат декларативни ако правдата не е видлива и ако граѓаните не можат да ја видат – рече Дамева.

Та им се заблагодари на Европската унија, на невладиниот сектор и на новинарите за интересот за работењето на Судскиот совет.