Верувам дека сите ќе бидеме разумни во внимателноста на предлагањето кандидати, изјави денеска Зоран Заев.



Премиерот дпопладнево треба да има средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ќе му ги соопшти кандидадите од преодната Влада што треба да стартува од 3 јануари.

Мицкоски прво ќе одржи средба со Ахмети во Собранието , а потоа ќе се сретне со Заев во Владата.

Заев смета дека нема потреба од посебна средба со коалицискиот партнер , Али Ахмети, туку телефонски ќе се консултираат за кандидатите за преодната влада.